Татко дава награда за идниот зет
Забава Занимливости Почетна

Милионер од Тајланд нуди вртоглава сума од 300.000 долари, фирма и целиот свој имот за оној кој ќе му биде зет

Арнон Ротдонг има 58 години и е милионер од Тајланд, тој кој нуди вртоглаво висок сума од 300.000 долари за неговиот иден зет за ќерка. Арон нема посебни услови за идниот зет, тој треба само да е вреден, работлив, чесен и да ја сака, почитува и усреќува неговата ќерка. Арнон е иначе сопственик на успешна плантажа за егзотични овошја тајландската провинција Чумпхон.

Неговата 26-годишна ќерка Карниста му помага да го води семејниот бизнис, тој сега ветува парична награда за мажот ќе се одлучи да му биде зет. Зетот ќе ја добие и фармата, најголемата во таа област.

Татко дава награда за идниот зет

Традицијата во Тајланд налага младоженецот да даде мираз (сума на пари или останата вредност), Арон изјавил дека е спремен да ја прекрши традицијата и наместо зетот тој да плати мриаз само за да најде добар маж за својата ќерка.

„Сакам некој кој ќе се грижи за мојот бизнис и ќе го одржува. Не сакам некој кој ќе има супер диплома од бизнис или филозофија, туку упорен и работлив маж. Тоа е сè“ изјавил тој.

Неговата ќерка Карниста зборува англиски и кинески, никогаш немала момче, таа е работна, вредна и поштена.

„Изненадена сум и сето ова ми е помалку смешно. Вистина е дека немам момче, но доколку веќе се мажам, нека биде тоа некој вреден, некој кој е добра личност кој ја сака својата фамилија“ изјавила Карниста, која додала дека парите сака да ги троши на пластични операции и разубавување.

Татко дава награда за идниот зет