Пловечки острови искористени за да се спасат од заробувачите
Забава Занимливости Почетна

Мистериозното племе Уру кое живее на пловечки острови

Индискиот народ Уру живее во Боливија и Перу на пловечките острови на езерото Титикака и околните области. Историјата на преместувањето на живеалиштето на уру во водите на ова мистериозно езеро е поврзана со моќната Империја на Инките. Додека воинствените инки напредувале длабоко во Андите, тие “се криеле” на огромното езеро Титикака, за да не бидат поробени. Плашејќи се да излезат на копно, имаат создадено мали острови од трска, кои на крајот се претвориле во големи пловечки села.

пловечки острови

Можеби инките никогаш не би го откриле островот Уру. Но, кога некое соседно племе Ајмару решило да избега од нив, тие стасале и до езерото. Додека трагале по Ајмару, инките откриле пловечки острови кои ги оставиле зачудени и без зборови па така почнале да го респектираат народот Уру. Долго време, “луѓето од езерото” ги хранат Инките со пченка (една чаша по семејство). Ова продолжило додека шпанските освојувачи не ги уништиле инките. Силната империја паднала, племињата Уру повторно се ослободиле, но нивниот начин на живот остана ист.

Изненадувачки, дури и денес, Уру продолжуваат да ги градат своите острови од трска. И покрај фактот што дел од населението живее на копно, оваа традиција останува важен дел од културата на луѓето. Не е само островот составен од еластична трска. Засолништа, основни училишта, цркви, караули, па дури и мебел е исто така од трска.

пловечки острови кои се изградени само од трска

Покрај тоа, Индијанците создаваат познати чамци во облик на полумесечина од оваа трска, кои служат како главни средства за комуникација со копното и меѓу островите.

Пловечките острови го добиле името бидејќи тие не се движат постојано. Островите се градени така што се прикачуваат силни јажиња на трската или огромен камен под водата. Тие го преместуваат островот само во екстремни случаи, на пример, кога нивото на водата опаѓа и постои закана дека островот ќе заврши во кал и ќе почне да гнили.

Патем, островите се гнили во секој случај, особено нивниот долен дел, така што жителите редовно ја проверуваат дебелината и ја зголемуваат во оние места каде што “дното” се влошило и почнало да се распаѓа.

Познато е дека пловидните острови на Уру бројат повеќе од 40. “Луѓето од езерото” живеат од риболов, ловат птици, одгледување кокошки и патки за храна, на копното продаваат пченка и компири..