Мистично руско село од кое луѓето не смееле да излезат
Забава Занимливости Почетна

Мистично руско село од кое луѓето не смееле да излезат

Даргавс се наоѓа во во Северна Осетија – Аланија, добро познат и по името руски град на мртвите, бидејќи под него крие стотина гробници во кои се погребани луѓе со сите овоземјенски добра. Станува збор за село кое на прв поглед изгледа многу мистично. На рабовите на селото доминираат камени куќички кои се изградени пред многу години а се претпоставува помеѓу 14-от и 16-от век.

Мистичните куќи се всушност гробници во кои се погребани некогашните жители. Некои куќи се со еден кат а има и такви кои имаат по три и четири катови.

Село е познато и по многу легенди и приказни. Некогаш луѓето верувале дека никој нема да излезе жив од тука, па околното население го избегнувало во широк лак и функционирале далеку од него. Луѓето претпоставуваат дека за таа приказна е виновна чумата.

Мистично руско село од кое луѓето не смееле да излезат

Локалното население некогаш ги сместувало тешко болните жители во овие камени куќички, а од таму не смееле да излезат се до својата смрт па така умирале во болки и агонија. Поради таа причина селцето го добива своето име “град на мртвите”. Во гробниците денес може да се најдат стари монети и антиквитети. Семејствата ги фрлале од брдото во бунар со надеж дека со нив ќе ги погодат камените плочи, бидејќи тоа би значело дека душата на починатиот завшрила во рајот.

Мистичното село Даргавс денес никој не сака да го посети и е сосема напуштено. За тоа не се виновни легендите и локалните приказни, туку фактот што селото се наоѓа на многу изолирано место.

Мистично руско село од кое луѓето не смееле да излезат