Малотеник прегазен од мотоциклист во Скопје
Македонија Почетна Случувања

Моторџија тешко повреден во судир со автомобил во прилепско

На 08.09.2019 во 14,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско–Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фокус“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(30) од Радовиш, и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 36 годишниот Г.Т. од Скопје. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата болница во Прилеп за укажување на лекарска помош. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.