Му купила Киндер јајце на 2 годишниот син, она што испаднало од него ги згрозило сите
Забава Занимливости Почетна

Му купила Киндер јајце на 2 годишниот син, она што испаднало од него ги згрозило сите

loading...
loading...

Млада мајка од Велика Британија била изненадена од она што го пронашла во киндер јајцето кое му го купила на  2 годишниот син. 28 годишната Керли Мулиган во средата купила киндер јајце за својот син, но кога дошла дома, открила „чудни ознаки“ преку јајцето и нешто не било како што треба. Мајката со помош на кујнско ноже пробала да го отвори јајцето и од него испаднал мал жолт црв.

„Бев вчудоневидена. Веднаш го земав мобилниот телефон и почнав да снимам додека стругавме понатаму и излегуваа уште. Тоа е најлоша ноќна мора на родител. Замислете тоа да му го дадев на својот син. Не е доволно возрасен за да знае дека ова изгледа чудно.“

Веднаш по непријатната ситуација мајката се пожалила во продавницата но и во официјланата компанија за Киндер. Од Киндер добила одговор дека ќе и пратат плико во кое треба да го стави јајцето и да го исрпати до нивното седиште за негово испитување.

Но, после деталниот преглед на полу-избришаната амбалажата, мајката приметила дека на јајцето му истекол рокот на траење уште пред една година.  

Исто така мајката добила одговор и од продавницата B&M од каде било и купено каде и рекле дека ќе покренат истрага за инцидентот и дека тоа повеќе нема да се повтори. 

loading...