Почина затвореник во затворот Идризово
Македонија Почетна Случувања

МВР со детали за починатиот затвореник во Идризово

Вчера во 12:54 часот во Полициската станица во Ѓорче Петров било пријавено дека во Геријатрија Ѓорче Петров починал 55 годишнио Г.А. од селото Врапчиште, гостиварско, осудено лице од Казнено-поправната установа Идризово, кое било на лекување.

Според информациите од МВР, лицето Г.А. боледувал подолго време од карцином.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција за понатамошно испитување.