На млад брачен пар им се заканува смртна казна поради тоа што изградиле мала куќичка на среде океан
Дом и дизајн Магазин Почетна

На млад брачен пар им се заканува смртна казна поради тоа што изградиле мала куќичка на среде океан

Чед Елвартовски и Супрани Тепдет се во врска, но моментално им се заканува смртна казна за прекршувањете на државниот суверенитет во Тајланд. Причината за казната е тоа што живееле на морската платформа во меѓународните води.

Чед заедно со неговата девојка Супрани моментално се во бегство, полициските служби во Тајланд ги обвинуваат за градење на морски дом, што значи дека го нарушувиле државниот суверенитет.

Нивниот дом бил фиксиран на 20 метри висока платформа и се наоѓа на околу 20тина километри од летувалиштето Пукет. Чед тврди дека нивната куќичка е поставена на 21 километар од брегот на Тајланд и дека нема никаков основ за загрозување на нивните води. Од друга страна, морнарицата ги сомничи за тоа што тие не побарале никаква дозвола за градба на платформа на морето.

Доколку обвинителството ги прогласи за виновни, младиот пар ги очекува доживотна затворска казна или смртна казна.

Куќичката над вода била изградена во февруари а младиот пар имал за цел да не потпаѓа под ниту една власт и да се отсели далеку од градот.