Нов скандал со безбедносниот систем на гугл
Почетна Технологија

На повидок е нов скандал во ИТ индустријата? Во безбедносниот систем на Гугл откриен таен микрофон

Оваа година сме сведоци на десетици скандали поврзани со технолошките корпорации. Изгледа не поминува ден без вести за протекување на приватни податоци од корисници на социјланите мрежи.

Гугл, како еден од најголемите ИТ гиганти, исто така, не е имун на скандали. Најновиот е поврзан со нивниот безбедносен систем, кој е многу популарен безбедносен бренд.

Сега е откриено дека уредот “Nest Secure” има вграден микрофон, што не е специфицирано во техничките спецификации. Иако Гугл вели дека нема злоупотреба на овој таен додаток, експертите за безбедност се сомневаат во “најдобри намери” на продавачот на уредот. Гугл дури и ќе ја додаде услугата “Google Voice Assistant” на овој уред, сега кога е откриено дека има и микрофон.

Минатата година имаше исто така проблем на злоупотреба на “Nest Secure”, камерата, кои обично се поврзани на интернет, хакери се во можност да пристапат во било кое време до нив без корисничка сметка и знаење на сопствениците.

Имено “Nest Secure” е безбедносен систем кој е во целост на гугл, и се смета за најбезбеден систем, но дали тоа е така останува да видиме..

Нов скандал со безбедносниот систем на гугл