Нова шокантна студија: Секој човек годишно внесува 250 грама пластика
Почетна Свет Случувања

Нова шокантна студија: Секој човек годишно внесува 250 грама пластика

Просечн човек може да внесете најмногу до пет грама пластика неделно, тоа физички би игледало како кредитна картичка, се вели во извештајот кој е нарачан од страна на Светскиот фонд за природата (ВВФ) од австралискиот универзитет Њукасл.

Според објавениот извештај, опфтаени се 50 студии за внесување на пластика, секој човек внесува околу 2.000 микро-честички или парчиња од пластика секоја недела, или 250 грама годишно.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето јадат или вдишуваат облаци на пластични честички секоја година, но предизвикот за австралиските истражувачи беше да се процени која е тежината на внесената пластика во човечкиот организам.

“И покрај зголемената свест за постоењетото на микро честичките и нивното влијание врз животната средина, оваа студија за прв пат дава точна пресметка на количината која се внесува од овие честички, кои ќе придонесат да се види потенцијалниот токсиколошки ризик за луѓето”, вели Тава Паланисами, професор на Универзитетот на Њукасл.

Првиот извор од кој внесуваме пластика е водата, особено ако таа е флаширана. Меѓу другите анализирани производи, морската храна и пивота имаат најголемо ниво на пластика.

“Според една канадска студија, врз основа на начинот на живот на просечниот Американец, возрасен Американец внесува до 52.000 микрочестици на пластика годишно, на која се додаваат дополнителни 90.000 честички ако пијат само флаширана вода или 4000 ако пијат вода од чешма, тоа е катастрофално.

Ако се земе во предвид загадувањето на воздухот, значи со самото вдишување оваа бројка надминува 121.000 микрочестички. Оваа проценка поединечно зависи од начинот на живот, на местото каде што живеете, се додава во студијата објавена во списанието “Животната средина, наука и технологија”.

Исто така, битно е да се напомене дека пластиката не угинува, туку се распаѓања на многу мали честички кои најчесто завршуваат во океаните. Последниве неколку години се водат многу важни кампањи за будење на свеста на човекот.

Најверојатно, еден ден природата ќе си ја наплата својата цена за загадувањето и тогаш би станала најголем непријател на човекот.