Нови животни во ЗОО Скопје, се враќа и миленикот кој 10 години беше на рехабилитација во Холандија
Македонија Почетна Случувања

Нови животни во ЗОО Скопје, се враќа и миленикот кој 10 години беше на рехабилитација во Холандија

Конечно се враќа дома шимпанзото Коко, кој 10 години беше на ресоцијализација во Холандија. Заедно со него доаѓаат и уште тројца негови другари и другарки.

– Пристигнаа четирите шимпанза од Холандија. Коко е повторно дома. Со стручен тим од AAP Animal Advocasy and Protection- организација која спасува илјадници животни и каде што престојуваа Коко, Мими, Роси и Хјасл, денеска рано наутро, шимпанзата беа пренесени во новото живеалиште. Моментално се во карантинскиот дел, каде што треба да се адаптираат, заедно со своите чувари од Холандија. Шимпанзата ќе имаат огромно живеалиште со внатрешен и надворешен дел, збогатен со многу реквизити. За нив ќе се грижат четири ЗОО негуватели, а после одморот и адаптацијата, нашите вработени кои го испратија Коко пред 10 години ќе одат да се поздрават со стариот другар. – стои во сооштението на ЗОО Скопје