Почетна Технологија

Ново чудо од Јапонија: Автоматизиран паркинг кој собира илјадници велосипеди

Поради метежот и густината на населени во Токио поголем дел од населението користат велосипеди или тротинети. Според последната анкета која е направена низ локалното население, податоците говорат дека околу 15 проценти од популацијата на Токио користи велосипед за секојдневен превоз.

Поради огроминот број на корисници, полицијата во Токио се соочи со голем проблем, крадење на истите. Па така најдено е решение и изградени се подземни и затворени, надземни паркинзи само за велосипеди.

Велосипедските паркинзи се развиени од страна на Eco Cycle, на прв поглед делуваат како современи, големи, телефонски говорници.

Во таканаречениот паркинг-трезор, може да се сместат илјадници велосибеди кои би биле сто постотно сигурни. Од Eco Cycle, помислиле и на брзината на паркирањето, па благодарение на нив за само 8 секунди ќе може да си го паркирате или земете својот велосипед. Замислете, само 8 секунди се потребни за велосипедот да се пронајде помеѓу илјадниците паркирани и да му се донесе на сопственикот. 

На прв поглед, секој би помислил дека цената би била неприфатлива и скапа, но билет за месечен паркинг чини само 25 долари. Овие паркинзи се во голем подем па така Јапонија за еден месец има поставено 50 вакви паркинзи.