Ново откритие ги изненади научниците: Во Амазонија пронајдена јагула која генерира електричен напон од 860 волти
Забава Занимливости Почетна

Ново откритие ги изненади научниците: Во Амазонија пронајдена јагула која генерира електричен напон од 860 волти

Во водите на Амазон се пронајдени два нови видови на електрична јагула, од кои едниот – Electrophorus voltai, е во состојба да генерира електричен напон од рекордни 860 волти!

Новите видови се откриени преку ДНК истражување, а за научниците ова откритие е уште еден доказ за разновидноста на дивиот свет на амазонската дождовна шума.

Откритието е исто така индикација за важноста на заштитата на ова живеалиште од уништување на шумите, односно сеча и уништување на дрвјата од пожари.

Дејвид де Сантана, зоолог во музејот за природна историја Смитсонијан, верува дека и покрај човековата активност во Амазон, можеме да очекуваме повеќе откритија на големи риби, како што се двата новооткриени видови електрични јагули.

Постојат три типа на електрична јагула: Electrophaurs electrius, Electropharus voltai и Elecetropharus varii, според Сантана . Сантана потсетува дека електричната јагула била главната инспирација за изградба на првата електрична батерија.