Обвинението потврдено: На Тони Цетински му се заканува казна затвор од 1 до 8 години
Почетна Регион Случувања

Обвинението потврдено: На Тони Цетински му се заканува казна затвор од 1 до 8 години

loading...
loading...
Државно обвинителство покрена обвинение против Тони Цетински, а истото е потврдено. Обвинението е за сообраќајната несреќа во Ровињ во 2017 година во која настрадат случаен минувач, покрај траума, на пејачот му се заканува и казна затвор во случај да се докаже дека е виновен, во времетраење од 1 до 8 години.
 
Цетински предизвикал несреќа со смртни последици од невнимание кршејќи ги прописите за безбедност и сообраќај. Според одредбите на Казнениот закон, во случај да му се докаже вината, му се закануваат од 1 до 8 години затвор. Цетнски вели дека неизмерно жали поради тоа што се случило. но се труди нормално да живее и да функционира, и покрај болката која ја нанел на починатиот 62-годишен Ибрахим Кевљанин.
 
Она што потешко ми паѓа од било каков судски процес, е осудата и јавниот линч за самиот факт дека сум учествувал во таква несреќа која остави длабока траума првенствено за семејството, но и на мене и моето семејство и покрај тоа што се трудам и понатаму да функционирам, да работа, да живеам, не е лесно но се мора – изјавил пејачот.
 
loading...