Она кога денот ќе ти тргне наопаку: Ја отвори вратата од скапото Ферари и остана без неа
Автомобилизам Почетна

Она кога денот ќе ти тргне наопаку: Ја отвори вратата од скапото Ферари и остана без неа

Типичен случај “она кога ќе ти тргне денот наопаку”. Ситуацијата е снимена во Романија, Газдата пристигна со луксузно Ферари и ја отвори вратата да излезе, но остана без неа.

Се работи за Ферари 458, според видеото, сопственикот беше крајно претпазлив по тесните улички низ Романија, но кога се паркира и ја отвори вратата да излезе на него налета Мазда. 

Во овој случај виновен е сопственикот на Ферарито бидејќи не погледна дали е безбедно за излегување. Сите сме добро запознаени со цените за поправка на ваков луксузен автомобил па така за негова поправка сопственикот би одделил нешто околу 15.000 евра.