Оставил ново Bugatii Veyron на паркинг и повеќе не се вратил по него
Автомобилизам Почетна

Оставил ново Bugatii Veyron на паркинг и повеќе не се вратил по него

Автомобилот кој е неостварен сон на голем број луѓе стои во гаража во Москва. Се работи за еден од најбрзите автомобили во светот, Bugatti Veyron кој неколку години стои паркиран во подземен паркинг и собира прашина. 

Занимливо е тоа што и локалните жители ја знаат приказната за овој темно црвен убавец, па така го оставаат својот потпис на насобраната прашина. 

Скоро сите се прашуваат од кого е и како е оставен токму тука. Луксузниот автомобил има свој сопственик, кој го купил за време на кратка посетата на Астрахан, сопственикот поминал неколку денови дружејќи се со скапото “милениче” по што го оставил на паркинг и од тогаш не дошол по него.

Колку за потсетување, Bugatti Veyron чини околу 5 милиони долари па така ретко може да се забележи по улиците.