Отишол издрогиран на час во Охрид, ми се сложило па била повикана медицинска екипа
Македонија Почетна Случувања

Отишол издрогиран на час во Охрид, ми се слошило па била повикана медицинска екипа

“СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.” – стои во дневниот билтен на МВР.

Имено, на 16 ноември минатата година во Охрид, ученик во ОЕМУЦ на негов соученик му дал рачно изработена цигара да ја конзумира, која претходно ја набавил од сега пријавениот.

По ова, двајцата соученици се вратиле и ја продолжиле наставата, кратко потоа на ученикот што ја конзумирал цигарата која се претпоставува дека била марихуана му се слошило и веднаш била повикана лекарска екипа, соопшти МВР.