Овци со пелени и микрофони: Погледнете што сакаат да постигнат научниците во Бразил
Почетна Свет Случувања

Овци со пелени и микрофони: Погледнете што сакаат да постигнат научниците во Бразил

Група на научници од Бразил, им облекоа пелени на овците и ги опремија со микрофони со цел истражување за подобрување на сточарскиот профит.

Чудниот експеримент постана вистинска сензација поради изгледот на овците, но целта на истражувачите е  помогнат во зголемување на профитот од земјоделството и сточарството. 

Тимот од неколку истражувачи, припаѓа на компанија за истражување и развој на земјоделството во Бразил, тие се надеваат дека ќе ја утврдат идеалната висина на тревата за добиточна храна и минимизирање на расходите со цел зголемување на профитот.