Мит или вистина, пчелите со својата уметност го нацртале ликот на Исус Христос
Забава Занимливости Почетна

Пчелар кога ги проверувал пчелите го здогледал ликот на Исус Христос кои самите го “изгравирале”

До сега не видено, семејство кое брои над 20.000 пчели успеало да го наслика ликот на Исус Христос. Вистина или монтажа, коментарите на видеото се поделени, едни веруваат дека се случило чудо и се појавил ликот на Исус Христос а други пак појаснуваат дека тука има замашано и човечка рака. Како и да е, ликот е толку реалистички што сите ги остави без зборови. 

Околу пчелите, тие се ципокрилни инсекти. Приспособени се за исхрана со цветен прав и со нектар. Нивното значење во природата и за човекот е од големо значење, почнувајќи од производите што ги даваат, мед и восок, па до опрашувањето што го вршат над растенијата. 

Групата опфаќа видови што имаат осаменички начин на живеење, или пак се здружуваат во добро организирани семејства. Социјалните видови пчели живеат во заедница од 20.000 до 70.000 пчели работнички, една матица и од 800 до 3.000 трутови, што се јавуваат само во текот на летото. Секој од овие членови во заедницата врши точно определена работа.
 
Исто така за пчелите се знае дека се многу паметни инсекти. Многу е познато дека може да направат и уникатна уметност што човечка рака не може да ја достигне.