Брз десерт, чоколаден мус кој долго ќе ви остане во сеќавање, направете го за само 10 минути
Моја кујна Почетна

Подгответе чоколаден мус за само 10 минути

Ако во последен момент ви се најавиле гости а не знаете со каков десерт да ги послужите. Не е проблем, направедето го овој мус со одличен чоколад вкус кој долго време ќе ви остане во сеќавање. Потребно време за подготовка на овој чоколаден мус е околу 10 минути. 

Состојки кои треба да ги имате:

   – 300 г темно чоколадо
   – 3 јајца
   – 55 г шеќер во прав
   – 1 супена лажица какао
   – 300 мл слатка павлака
   – рендано чоколадо


Начин на подготовка:

1.Искршете го чоколадото на парчиња и ставете го да се растопи. Кога целосно ќе се растопи, тргнете го настрана и оставете го малку да се олади.

2. Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот додека смесата не стане светла, а потоа додадете ги какаото и растопеното чоколадо и добро измешајте ги.

3.Во подлабок сад изматете ја слатката павлака, а потоа малку по малку додавајте во садот од чоколадната смеса и мешајте. Оставете ја смесата да отстои во фрижидер барем 1 час пред да ја послужите.

4.Извадете ја смесата од фрижидерот 15 минути пред да ја послужите и украсете со уште малку шлаг и рендано чоколадо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.