Погледнете од блиску во најгусто населениот остров кој има популација од 1250 луѓе
Магазин Патувања Почетна

Погледнете од блиску во најгусто населениот остров кој има популација од 1250 луѓе

Oва е островот Санта Круз Дел Ислоте, за него важи дека е  најгусто населениот остров во целиот светот.

На ова мало парче земја во Карипското море живеат околу 1250 луѓе. Островот е речиси новонаселен во споредба со останатите па почнал да се населува пред 150 години од страна на рибарите и нивните фамилии кои ловеле во околината. Површината на островот е нешто помалку од 10.000 метри квадратни а на него според последната статистика има 80 градби.

Моментално функционираат нормално па имаат дури и основно училиште. Интересно е што островот функционира како заедница, нема полиција, затоа што сите се знаат меѓу себе, многу се блиски и нема потреба од тоа.