Полицијата приведе машко лице од Грчец, пукал со огнено оружје на свадба
Македонија Почетна Случувања

Полицијата приведе машко лице од Грчец, пукал со огнено оружје на свадба

Приведено 53 годишно лице од Грчец, Гостивар, пукал со огнено оружје на свадба.

Како што пренесува МВР, на 16.07.2019 полициски службеници го лишиле од слобода и привеле во Полициската станица Гостивар 53 годишното лице Б.Б. од село Градец, гостиварско, поради тоа што истиот ден околу 14.15 часот го нарушил јавниот ред и мир со пукање од огнено оружје на свадбена свеченост во тетовското село Камењане.