Понеделнечка вицотека: Кратки вицови кои ќе ве насмеат со солзи
Вицотека Забава Почетна

Понеделнечка вицотека: Кратки вицови кои ќе ве насмеат со солзи

1. Бензин
Застанува плавуша на бензиска, работникот на пумпата ја прашува: – 95 или 98 сакате? Плавушата го гледа зачудено и го прашува: – А што немате од оваа година?!
2. Службен пат

Трпе отишол на службен пат, па и се јавува на Трпана да и каже како си поминува:
– Секоја ноќ те мислам.
– Аии што така?
– Бројам овци пред спиење.

3. Мустаќи

– Господине, многу личите на жена ми, само да не беа мустаќите.
– Ама јас немам мустаќи?!
– Вие немате, но жена ми има.

4. Зоки Поки 

– Мамо, памтиш ли кога ми рече, дека ако добијам 2 по математика, ќе ме пуштиш цел ден да играм надвор?
– Да, а зошто?
– Денес може да ме пуштиш половина ден.

5. Дечко и девојка

По еден месец забава девојката му вели на дечкото:
– Па, драги по овој период мислам дека е време да ме претставиш на твоето семејство!
– Нема таква можност!
– Зошто?
– Па, жена ми е на работа, а децата се во училиште !!!