Погледнете зошто се прославува 8-ми март
Мајки Почетна

После тешка агонија, омаловажување и борба го добиле своето право: Погледнете зошто се прославува 8-ми март

loading...
loading...

Празникот се појавил уште во време на голем индустриски напредок, но и големи турбуленции, криза и радикални идеологии. Меѓународниот ден на жената се покажало дека во себе носи корени на протест, избувливост и политички активизам кои понатаму постануваат неизбежни облици на друштвениот живот.

Годините пред 1910та се одбележани како години со силни полови разлики и многу низок процент на вработени жени. Малиот процент кои работеле биле вработени во текстилната индустрија, производството и како домашни помошнички. Работеле во многу лоши услови и за многу малку париИстовремено, индустријата ја погодува голема криза. Здружувањето на работниците кои не биле дел од синдикатите се нашле во лоши позиции додека синдикатите станувале се посилни и повлијателни.

Во Европа, Велика Британија, Америка и во помал обем и Австралија, жените се позасилено си го барале своето право на глас. Таа борба како да ги потиснала сите други аспекти од животот на жените и почнале да се чувствуваат револуционерни промени и да напредуваат во нивната идеја.

Во 1977 година, Генералното Собрание на ОН усвојува предлог и го прогласува денот за прославување на правата на Жените и Меѓународниот мир. Конвенција на истата тема е одржана и во Копенхаген, Данска во 1980 година. Резултат на овие меѓународни напори е прогласувањето на 8ми Март како Ден на жената.

loading...