Куферот во кој е пронајдено телото на младата Рејес
Почетна Свет Случувања

Последното заедничко селфи го открило убиецот: Ја убил својата девојка, спакувал во куфер и ја оставил покрај патот

Американската полиција откри илегален мигрант кој се гони за убиство на неговата поранешна девојка, кој на своето испрашување признал дека го сокрил мртвото телото во куфер, но тврди дека таа умрела кога се удрила со главата за време на нивниот последен интимен однос. 

Хавиер Енрике Да Силва Рохас (24) е обвинет за убиство на Валери Рејес, исто така, 24 години, во Њу Рошел, Њујорк, ја убил, врзал, сокрил во куфер, а потоа ја оставил покрај патот во Гринич, Конектикат.

Рохас беше уапсен во вторникот, во својата изјава навел дека Рејес умрела откако паднала и ја удрила главата, додека имале односи.

Сликата преземена од неговиот официјален Инстаграм профил го покажува парот еден до друг во аптека пред една година.

Бизарно убиство во америка, ја убил па потоа телото го оставил во куфер

Девојката е пронајдена од страна на локален минувач покрај патот со врзани раце и нозе, залепена уста со самолеплива трака и спакувана во куфер.

Рохас е илегален мигрант со венецуелско-португалско државјанство, кој престојувал во Квинс, тој е уапсен во вторникот откако полицијата приметила дека се обидел да ја искористи банкарската картичка на Рејес за да повлече 1.000 долари од банкомат.

Рејес е пријавена за исчезнати на 30 јануари, кога таа не се вратила од работа,  нејзиното тело е пронајдено на 5 февруари.

Мајка на Рејес им рекла на полицијата дека тие не се гледале една година и дека повеќе не се заедно. Еден извор за тамошните медиуми изјавил дека Рејес била “убиен во нејзиниот апартман”.

Апсењето следело по полициската истрага, разгледување стотици часови надзорни камери и интервјуа со повеќе потенцијални сведоци, соопшти полицијата на Гринвич во соопштението за печатот во вторникот.

Апсењето го извеле двајца познати детективи откако приметиле дека некој сака да искористи банкарска картичка на име на лице кое е пријавено за исчезнато. Банкарската сметка била повеќе од доволен доказ за да му влезат во траг на убиецот.

“Убедени сме дека потрагата по правда за Валери ќе биде успешна и ние продолжуваме да работиме со семејството за да обезбедиме затворање на оваа трагедија”, се вели во соопштението на полицијата.

На прес-конференцијата во вторникот, полицијата од Гринвич изјави дека де Силва признал дека имал улога во убиството кога бил испрашуван по неговото апсење. Тој е опишан како кооперативен за време на неговото интервју. Истрагата за смртта на Рејес е во тек, капетанот Бери за време на конференцијата изјавил “има многу лабави и нелогички врски кои треба да се поврзат и да се дојде до заклучокот”,

Според изјавата на нејзината мајка Рејес го предвидела своето убиство, еден ден пред да исчезна имале телефонски разговор на кој и кажала на својата мајка дека се плаши за својот живот и дека нешто чудно се случува.