Поучна приказна, големината на човекот
Забава Занимливости Почетна

Поучна приказна: Големината на вистинскиот човекот

Си бил еден човек кој живеел во Aмерика и бил многу богат. Неговото богатство се броело со милиони. Тој поседувал куќи, земји, антики и замок. Сепак, иако имал се и изгледал среќен, во себе бил несреќен. Неговата жена стареела а тие немале деца. Тој отсекогаш сакал дете за да ја продолжи неговата семејна лоза.

За чудо, неговата жена останала бремена во подоцнежните години, и родила мало момче. Но момчето било хендикепирано, тоа не било пробле за човекот кој го сакал со сето срце. Кога момчето имало 5 години ја изгубило својата мајка која починала од тешка болест. Тогаш татко уште повеќе се приврза со момчето. Кога тоа наполни 13 години, од бројните недостатоци кои ги имало, наскоро починал и неговиот татко од преголема тага и скршено срце.

Имотот бил на аукција пред илјада понудувачи. Прв предмет кој се понудил била една убава и голема слика од момчето, но никој не дал понуда. Тие чекале како грабливци на богатството. Конечно, сиромашната куќна помошничка, која помогнала во гледањето на момчето, ги понудила последните 5 долари за сликата и лесно ја добила понудата. На шок на сите, аукционерот извади рачно напишан тестамент од позадината на сликата. Во него пишувало:

“На личноста која мисли доволно на мојот син за да ја купи сликата, и го давам целото наследство.“

Аукцијата завршила. Алчната толпа се разотишла во шок, срам и лекција за целиот живот. Сиромашната куќна помошничка ги научила на лекција и најбогатите кои биле присутни, ги научила што заначи да си човек

Многу пати некои работи мислиме дека се богатства а не ја цениме вредноста на вистинските богатства!