Поучна приказна: Како се чува љубов
Љубов и секс Магазин Почетна

Поучна приказна: Како се чува љубов

Мајката со својот седумгодишен син шетала по плажата.

Во еден момент детето прашало:
– Мамо, како се чува љубовта?
Мајката малку се замислила, па му рекла:
– Земи од песокот и стисни го во раката.

Детето ја послушало, го стискало песокот во раката, но колку повеќе стискало тој повеќе истекувал меѓу прстите.

– Но, мамо, песокот ми бега – рекол малиот.
– Знам, сине. Ајде сега убаво отвори ја раката.

Детето ја послушало, но во тој момент дувнал ветер и му го однел сиот песок од раката.

– Ниту вака не можам да го задржам песокот, мамо!

На тоа мајката со насмевка рекла:

Ајде сега повторно земи малку песок во раката, но држи ја дланката во форма на лажица, така да биде доволно затворена да го заштитиш, и доволно отворена тој слободно да стои на неа.

Момчето направило како што му објаснила мајка му и песокот му останал во раката – доволно заштитен од ветрот да не го оддува, а и слободен да не се лизга низ прстите.