Поучна приказна: Соба полна со балони
Забава Занимливости Почетна

Поучна приказна: Соба полна со балони

Група од 50 луѓе присуствувале на еден семинар. Наеднаш говорникот го запрел предавањето за да направат еден краток експеримент. На секој од присутните на семинарот му поделил по еден балон и ги замолил на балонот секој да си го напише своето име. Потоа ги собрал сите балони и ги ставил во една соба.

Откако ја наполнил собата, ги замолил учесниците да влезат во собата и во рок од 5 минути секој да си го најде својот балон. Во собата настанал хаос затоа што сите брзале да си го најдат својот балон.

Поминале 5-те минути, но никој не успеал да си го најде својот балон.

Потоа говорникот ги замолил секој да земе по еден балон и да му го даде на човекот чие што име е испишано на балонот. За кратко време секој го добил својот балон.

Говорникот потоа објаснил:
Токму ова се случува во нашите животи. Секој хаотично брза и ја бара својата среќа наоколу, без да знае каде е.

Нашата среќа лежи во среќата на другите луѓе. Дајте им ја нивната среќа, ќе ја добиете својата среќа.
Ова е смислата на човечкиот живот.