Позитив на денот: Се роди младенче од редок вид на индиски носорог кој е зачнато со вештачко оплодување
Почетна Свет Случувања

Позитив на денот: Се роди младенче од редок вид на индиски носорог кој е зачнато со вештачко оплодување

Во Зоолошката градина во Мајами се роди младенче од редок вид индиски носорог, ова е првото бебе од овој вид зачнато со вештачко оплодување.

Младенчето, чиј пол уште не е познат е во одлична здравствена состојба.  Ова е првото младенче на 7 годишната Акути која е родена во зоолошката градина Сафари Парк во Сан Диего во 2012та година.

Овој вид носорози се смета за еден од најреткиот и загрозен вид и се смета дека има уште помалку од 3.000 индиски носорози во целиот свет.

За зачнувањето на Акути било невозможно по природен пат и биле викнати експерти во областа за репродуктивно здравје од South East Zoo Alliance for Reproduction and Conservation (SEZARC), кои се специјализирани за загрозени видови.

Возрасните единки од овој вид тежат од 1.800 до максимум 2.700 килограми. Вработените во зоолошката градина планираат да го изолираат малото од мајката за да го утврдат полот и да му направат прегледи, а потоа ќе го вратат назад за да може да ја развиваат родителската врска.