Познат идентитетот на момчето кое до смрт беше избодено во Базел, старицата сама се предала во полиција
Почетна Свет Случувања

Познат идентитетот на момчето кое до смрт беше избодено во Базел, старицата сама се предала во полиција

loading...
loading...
7-годишното дете, Мерим Л. вчера на улица до смрт беше избодено во Базел, Швајцарија. Немилиот настан се случил додека детето се враќало од училиште. За убиството осомничена е 65-годишна пензионерка која сама се пријавила во полиција. Детето е нaпaднaто околу 12.45 часот додека по завршувањето на часовите само се враќал накај дома, соопшти полицијата.
 
Детето како лежи во крв и полу мртво е пронајдено од страна на неговата учителка која поминувала покрај местото на настанот и ја здогледала грдата слика. Учителката венаш пријавила во Брза помош и полиција, но за жал детето им подлегнало на повредите.
 
Старицата која е осомничена за убиството сама се пријавила во полиција а воедно и го признала грозоморното дело, но причината за убиството не е откриена. Веднаш по пријавувањето, бабата е yaпсена а полицијата се обидува да дознае дали осомничeнатa е поврзана на некој начин со детето или со неговото семејство.
 
Според тамошните медиуми, момчето е по потекло од Косово. На местото каде е убиено малото дете, згрозените граѓани оставаат цвеќе и палат свеќи.
loading...