Објавена новата цена на горивата, бензинот поскапува
Македонија Почетна Случувања

Позната новата цена на горивата, дизелот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика го објави новиот ценовник за нафтата и нафтените деривати кој ќе стапи во сила од ноќеска по полноќ.

Според новиот ценовник, цените на бензините Супер – 95 и Супер – 98 остануваат непроменети и ќе се продаваат по цена од 66,50 и 68,50 денари, додека пак дизелот поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 60,50 денари.

Ова ќе бидат цените за целата недела, Регулаторната комисија ќе ги објави новите цени следниот поднеленик.