Хорор во Виена: Србинка заедно со нејзините близначки пронајдени мртви во стан
Почетна Свет Случувања

Позната причината за смртта на Весна и двете близначки, починале од прегладнување

Утрово, според однапред пријавување, полицијта во Виена упадна во еден стан каде ги пронајде телата на 45 годишната мајка Весна и нејзините 18 годишни близначки по потекло од Србија. Со помош на обдукцја на телата, утврдено е дека мајката и ќерките починале од прегладнување.

“Извршена е обдукција, како што стојат работите, првичните рзултати укажуваат на тоа дека смртта на трите женски лица настапила како резултат на тоа што неколку дена воопшто не консумирале храна, односно од состојба на прегладнување“, изјавил портпаролот на полицијата во Виена, Патрик Мајерхофер за локалните медиуми.

Првичните претпоставки се дека смртта настапила кон крајот на март или почетокот на април оваа година, а телата биле пронајдени благодарение на загрижените пријатели на семејството кои ги алармирале полициските служби.

Според соседите, мајката Весна имала проблеми во бракот и се работи за лице со нарушено ментално здравје, исто така биле потполно сами и во посета не им доаѓал никој.