При обид да полета, авион се излизгал од пистата и удрил во паркиран хеликоптер
Почетна Свет Случувања

При обид да полета, авион се излизгал од пистата и удрил во паркиран хеликоптер

loading...
loading...

Најмалку три лица се загинати а четворица се повредени откако помал авион при полетувањето од аеродром во областа Монт Еверест удрил во еден од паркираните хеликоптери.

Авионот е од компанијата „Summit Air“ се обидел утринава да полета од Лукла за Катаманда, рекол претставникот Раж Кумар Четри и навел дека поради непознати причини авионот се излизгал на пистата и удрил во хеликоптерот на „Manang air.

Повредените веднаш со хеликоптер се префрлени во најблиската болница, рекол портпаролот на полицијата Раж Субеди и додал дека полициски тимови пристигнале до местото на несреќата и се обидувале да спречат избивање на пожар на аеордором, бидејќи како што кажуваат тоа можело да биде уште поголема трагедија.

Меѓу загинатите се пилотот кој го управувал авионот и двајцата полицајци кои биле во близина на паркираниот хеликоптер.

loading...