Привчно мислеле дека е мачка, набрзо ја разбрале вистината - крволочен црн пантер се шетал по кровови во Франција
Забава Занимливости Почетна

Привчно мислеле дека е мачка, набрзо ја разбрале вистината – крволочен црн пантер се шетал по кровови во Франција

Невообичаена ситуација во Франција, црн пантер се шетал по крововите на куќите.

Жителите на Армантјер испаничени повикале помош кога забележале црн пантер како се шета по крововите на куќите кои се во близина на центарот.

Набргу по пријавата, пристигнале полициски и ветеринарски служби кои тивко влегле во зградата за да не ја вознемири дивата мачка.

Ветеринарот упеал со специјална стрела да го успие опасното животно.

„Се работи за женски црн пантер со тежина од околу 20 килограми и на возраст од околу пет или шест месеци“ – изјавил Кадер Лагоуати од Здружението за заштита на животните, пренесуваат од Би-би-си.

Исто така тој додал дека животното било припитомено и не било агресивно, имало исечени нокти и здраствено било добро.

Како што пренесува Би-би-си, пред да успеат да го фатат, пантерот влегол во стан на едно семејство чија малолетна ќерка била дома. Штом го видела животното како влегува во собата веднаш преплашена избегала од станот и барала помош.

Животното сега е сместено и е под заштита на Здружението за заштита на животни, а полицијата трага по  сопственик за да утврди како воопшто дошол до такво нелегално “милениче” и во какви услови тоа било одгледувано.