Пробиени барикади, разлетани и уништени возила: Косово ја заврши акцијата (ВИДЕО)
Почетна Регион Случувања

Пробиени барикади, разлетани и уништени возила: Косово ја заврши акцијата (ВИДЕО)

Kосовските полицајци ја завршија акцијата на северот на Косово која како што известија била насочена за приведување на криминални групи. Специјалците на РОСУ упаднаа во Митровица, Зубин Поток и Звечани и беа уапсени 13 Срби додека тројца се приведени.

Косовската полиција потврди дека досега се приведени над 30 лица од албанска и српска националност, во акција која беше спроведена од 400 припадници на РОСУ на целата територија на Косово, по повеќемесечно следење заради криминални дела.

Објавено е и видео кое сведочи на силината на упадот на специјалци.