Професионален велосипедист објави фотографија од неговте нозе после успешно завршен маратон
Забава Занимливости Почетна

Професионален велосипедист објави фотографија од неговте нозе после успешно завршен маратон

Др. Бредли Ланиконис од Универзитетот во Квинсленд објасни дека вените се толку отечени поради големото количество крв што циркулира низ нив.

Велосипедистот Хоакин Хозеин ги покажа последиците од трката во Торисон со шокантна фотографија што ја објави на Инстаграм.

– Подготвен за војна – напишал 33 годишниот Шпанец над сликата.

Многу следбеници коментираа дека неговите вени изгледале како да експлодираат.

– Нормалното количество крв што оди во нашите нозе е пет литри во минута. За спортисти, тоа е околу 20 литри во минута. Но, овие елитни велосипедисти имаат двојно, околу 40 литри во минута и тоа се случува во овие екстремни случаи – изјави докторот.