Пронајдена глава од волк кој живеел пред 40.000 години
Забава Занимливости Почетна

Пронајдена глава од волк кој живеел пред 40.000 години

Руските научници најдоа совршено зачувана глава на ледениот волк во вечната снежна и мразна зона во Сибир.

Главата на волкот со круна била пронајдена во рускиот арктички регион Јакутија.

Главниот истражувач на локалниот огранок на Руската академија на науки, Валери Плотников, изјави дека животното кое починало пред 40.000 години, припаѓа на античките подвидови на волци.

Плотников додаде дека ова е посебен примерок, бидејќи до сега пронајдениот череп на волкот бил без ткиво или крзно, додека оваа глава има уши, јазик и совршено сочуван мозок кој со помош на истражување ќе се дознаат многу поврзани работи околу тие единки.

Научниците велат дека волкот бил откриен како возрасен и дека 25 отсто е поголем од денешните волци, но не е познато дали се работи за волк или волчица.