Пронајдени остатоци од мистериозно морско животно кои датираат од пред 518 милиони години
Забава Занимливости Почетна

Пронајдени остатоци од мистериозно морско животно кои датираат од пред 518 милиони години

loading...
loading...

Со анатомските споредби успеаа да ја реконструираат целата рана фаза на развојот на ребрата.
Научниците открија остатоци од морско чудовиште со 18 краци, за кои велат дека се стари околу 518 милиони години.

Фосилните од мистериозното морско суштество се пронајдени во областа на денешна Кина а датираат уште од праисторијата. Тие се пронајдени за време на научно истражување на еден од бреговите.

Истражувачот Јакоб Винтер од Универзитетот во Бристол го објасни значењето на овој пронајдок.

– Благодарение на пронајдените фосили, ние стасавме еден чекор понабред во науката и ни се разјаснија дел од работите кои долги години се испитувани. Со помош на овие фосили ние дознавме како се создадени и од каде се дојдени дел од поголемите риби во водите. 

Винтер беше во посета на Универзитетот Тунан во Кина, кога дојде до откритието. Таа вели дека анатомските споредби успеале да ја реконструираат целата рана фаза на развојот на рибите кои имаат таканаречени ребра.

 

Пронајдени остатоци од мистериозно морско животно кои датираат од пред 518 милиони години

Винтер, исто така, покажа и други фосили што универзитетот ги има во колекцијата, вклучувајќи и бизарно суштество наречено “Даихуа Санкионг”.

Сепак, откритието ја отвори дискусијата во научните кругови. Дан Caзeу (Кејси Дан), професор по екологија и еволутивна биологија на Универзитетот Јеил, иако тој вели дека ова е импресивно откритие, спомна дека е тешко да се каже дали тоа е навистина суштество од фамилијата риби кои се наречени и ребраши.

loading...