Рај за љубителите на филмови, кино во Швајцарија нуди вип третман за своите клиени
Дом и дизајн Магазин Почетна

Рај за љубителите на филмови, кино во Швајцарија нуди вип третман за своите клиени

Пристигна вистинскиот рај за љубителите на филмови. Присетете се само колку пати до сега сте размислувале како би било столчината во киното кога би се замениле со удобни кревети.

Во Швајцарија, се отвори ВИП салата со спални кревети и филмско платно. За почеток, во кино салата, на располагање се 11 споени кревети со додатоци како прекривки и перници.

Удобноста не застанува тука, ВИП билет чини околу 40 евра и во него е вклучена храна и најразлични пијалоци, додека обичниот билет чини 17 евра.

Со купувањето на ВИП билет наидувате и на одлична услуга, нема потреба да чекате во редица за да купите грицки и пијалаци, туку само да одберете што сакате и веднаш ќе бидете послужени.

“Pathé Schweiz” е првото кино во светот кое нуди ваков третман на своите клиенти, но исто така е и едно од најпосетуваните кина во Швајцарија.