Магазин Патувања Почетна

Рај за туристи: Село во кое се живее во импровизирани куќички на вода

Фернандо Магелан, првиот човек кој пловел од Европа во Азија, со цел да го обиколи светот, со право го нарекол најголемото село на вода “Венеција на Исток”.

Повеќе од 1.300 години, луѓето имаат големо село на вода – Кампонг Ајер. Од почетокот ова село е познато  како “Венеција на Исток”, а неговата структура над водата не е слична ни на било кое друго село.

Рај за туристи: Село во кое се живее во импровизирани куќички на вода

Денес, селото Кампонг Ајер е во подем, со повеќе од 30.000 жители, кои сочинуваат 10 отсто од вкупниот број  население од Брунеи. Иако се класифицирани како село, тоа всушност го составуват 42 мали села, поврзани со вкупно 28 километри мостови за пешаците.

Рај за туристи: Село во кое се живее во импровизирани куќички на вода

Куќите се сместени на трски кои се гледаат како излегуваат од водата, а селото е опремено со електрична енергија и климатизација.

Рај за туристи: Село во кое се живее во импровизирани куќички на вода

Интересно за ова село е тоа што го отсликува целото минато на Брунеи – како луѓето живееле во импровизирани куќички на вода. 

Магелан го посетил селото на вода во текот на 16 век и се смета дека е кум бидејќи го нарекол “Венеција на Исток”.

Рај за туристи: Село во кое се живее во импровизирани куќички на вода

Иако изгледа како мала и неразвиена населба, селото поседува сопствени болници, училишта, продавници и ресторани.

Сообраќајот тука се одвива со дрвени, но и брзи моторни чамци.

Рај за туристи: Село во кое се живее во импровизирани куќички на вода