Рон Томсон, човекот кој до сега има убиено илјадници леопарди, слонови и нилски коњи тврди дека ќе продолжи со својата работа
Почетна Свет Случувања

Рон Томсон, човекот кој до сега има убиено илјадници леопарди, слонови и нилски коњи тврди дека ќе продолжи со својата работа

loading...
loading...

Рон Томсон од Зимбабве е најпознатиот ловец на диви животни за пари, чиј идентитет беше откриен за јавноста после информацијата дека бројот на слоновите е намален за неверојатни две третини. Освен тоа што има убиено над илјада слонови,  80 годишниот професионален ловец на својата веб страница објави дека исто така убил околу 800 биволи, 60 лавови, околу 40 леопарди и 50 нилски коњи. Исто така има убивано и голем број на егзотични животни но се правда со тоа што од 60те лавови кои ги убил, шест од нив имале нападнато и усмртено неколку луѓе.

Томсон е татко на две деца и целиот свој живот го минал во националните паркови. Томсон исто така тврди дека бројот на животни воошто не е намален,  тоа е само приказна на западните конзерватори кои сакаат да земат пари од фондовите за заштита на животни. “Тврдам дека бројот не само што не е намален туку е и зголемен”- додаде тој

,,Немам никакви чувства за време на ловот. Не ми е воопшто жал за животните што сум ги убил на лов. Тоа не е проблем, проблем е што има толку многу експерти од Запад, кои се обидуваат да ми кажат што да правам. Јас сум обучен универзитетски еколог и сигурно знам многу работи околу животинскиот свет. Африканскиот слон не е ниту блиску до изумирање како што го претставуваат пред светот, луѓето кои го тврдат тоа, зборуваат само за да земат што повеќе пари од организациите“,  додаде Томсон

loading...