Се појави снимка од осомничен за еден од терористичките напади во Шри Ланка
Почетна Свет Случувања

Се појави снимка од осомничен за еден од терористичките напади во Шри Ланка

На итнернет се прошири снимка од потенцијален извршител на еден од последователните терористички напади во Шри Ланка. На снимката се гледа како релативно млад човек, со голем и тежок ранец на грбот влегува во црквата. Во моментот кога човекот влегува и седнува на клубите во црквата, сигналот со снимката се прекинува.

Инаку, во терористичките напади во Шри Ланка официјално се водат за загинати 310 луѓе, а над 500 се повредени. 

Терористите предизвикаа 8 експлозии на католички Велигден и тоа во три цркви, три луксузни хотели и еден помал хотел. 

Денес е објавено дека последователните терористички напади во Шри Ланка се чин на одмазда за нападот во Нов Зеланд, кога на 15 март во Крајстчерч во две џамии беа убиени 50 луѓе. Се претпоставува дека одговорноста ќе ја превземе ИСИС.

Loading...