Се појави снимка од срушувањето на хеликоптерот во Менхетен
Почетна Свет Случувања

Се појави снимка од срушувањето на хеликоптерот во Менхетен

Тешка несреќа со хеликоптер се случи синоќа во реката Хадсон, недалеку од Менхетн. Хеликоптерот се сружи во вода, за среќа во него бил присутен само пилотот па без посериозни повреди е извлечен од леталото.

Веднаш по падот на леталото на лице место пристигнале спасувачките екипи и полицијата кои и помогнале да се извлече пилотот од водите.

Видео снимката е направена од страна на случаен минувач кој имал за цел да го сними хеликоптерот колку ниско лета. На снимката може да се види како хеликоптерот губи контрола и се срушува во водите на реката Хадсон. 

Претставник на хелиодромот изјавил дека пилотот знаел дека нешто не е во ред со леталото и имал за цел принудно да слета, но го пробашил хелиодромот за неколку метри.