Се судрија две возила и камион на патниот правец Охрид - Кичево, едно лице пренесено на клиника
Почетна

Се судрија две возила и камион на патниот правец Охрид – Кичево, едно лице пренесено на клиника

“На 06.06.2019 година во 17:10 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ботун, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.И.(29) од селото Требош, товарно моторно возило „Ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(63) од Куманово и патничко возило „Пежо 208“ со скопки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(32) од селото Враништа, струшко.” – стои во дневниот билтен на МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патнилкото моторно возило “Пежо” Б.К. кој со возило на Итна медицинска помош веднаш бил пренесен во Општата болница во Охрид каде му била укажана лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.