Семејна драма во Гостивар, маж објавил голи фотографии од поранешната сопруга
Македонија Почетна Случувања

Семејна драма во Гостивар, маж објавил голи фотографии од поранешната сопруга

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 41 годишниот О.О. од Република Турција, со привремен престој во Република Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,загрозување на сигурноста“ при семејно насилство и ,,злоупотреба на лични податоци“.

Лицето О.О упатило закани по живот кон неговата малолетна ќерка и неговата поранешна 27 годишна сопруга од Гостивар.

По ова, на социјалната мрежа „Facebook“, на кориснички профил од неговата поранешна сопруга, Ќ.Ј. пријавениот објавил нејзина фотографија и текст со компромитирачка содржина.