Шест лица го загубија животот, се судрија два хридоавиони во Алјаска
Почетна Свет Случувања

Шест лица го загубија животот, се судрија два хридоавиони во Алјаска

Пет лица го загубија животот, едно се води како исчезнато на Алјаска при судир на два хидроавиона, кои превезувале туристи, соопштија властите и компанијата која го организирала летот.

Според тамошните медиуми, двете летала, хидроавионите „Бивер“ и „Отер“, превезувале вкупно 16 патници од бродот „Ројал принцес“ кој припаѓал на компанијата „Принсес Круисес“, која организира крстарење. Хидроавионите се судриле додека биле во лет од за сега непознати причини околу 13:00 часот во близина на Кечикан, Алјаска.

Според соопштението од  „Принцес Круисес“, во несреќата го загубиле животот четири патници и еден од пилотите. Десет лица кои исто така се превезувале во леталата го преживеале судирот и веднаш им е пружена  медицинска помош на местото на несреќата.

Властите во Алјаска ја потврдија смртта за три од лицата, останатите тројца се водат за исчезнати. Во потрагата се вклучени хеликоптери, бродови и специјално обучени лица за тој терен.