Вработен кој добро си е знае работата
Забава Занимливости Почетна

Сигнализатор на аеродромска писта ги доби своите 5 минути слава и успеа да го насмее цел свет

Од времето кога ќе поминете низ безбедносните контроли и други најразлички чекања за да стигнете до вашето седиште во авионот, сте уморни, нервозни и конечно подготвени за полетување.

Но погледнувате низ прозорецот и изненадување, гледате вработен сигнализер на ареродромот кој со неговиот танц на најголем дел од патниците им го зголемува расположението и ги испраќа со насмевка.

Видеото се прошири со голема брзина на социјалните мрежи  и доби илјадници прегледи, лајкови и позитивни коментари.

Името на вработениот е Ален кој ги доби своите 5 минути слава и стана интернет – сензација преку ноќ. Сите светски медиуми го споделија танцот на Ален па така беше поканет и на интервју. Ален зборуваше за неговата страст кон танцување и како тој сака да ги краде насмевките од луѓето и да им го разубави секој ден. Во неговата изјава додаде и: “Сакам авијација и ги сакам патниците среќни”. 

Исто така појасни дека добил дозвола од одговорните лица за тоа што го прави на пистата и неговите потези се однапред договорени со пилотите за да не дојде до несакана ситуација.