Скопјанец на возраст од 20 години избоден пред кафана
Македонија Почетна Случувања

Скопјанец на возраст од 20 години избоден пред кафана

Синоќа околу 21 часот полициски службеници од СВР Скопје го привеле 17 годишниот Ш.A. исто така од Скопје поради тоа што пред угостителски објект на улица „Бајрам Шабани“, со остар предмет му нанел повреда на 20 годинишниот Ш.J. од Скопје.

Случајот веднаш бил пријавен, додека пак Ш.Ј. бил пренесен во Градската општа болнциа „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

Ш.A. е задржан во Полициската станица Бит Пазар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.