Sky Master G - 77, камперското возило кое е поим за локсуз и удобност
Автомобилизам Почетна

Sky Master G – 77, камперското возило кое е поим за локсуз и удобност

Секојдневно гледаме фотографии и видео од луксуз и раскош, но веќе кога станува збор за луксуз тука настапува новиот G – 77 Sky Master, за кој допрва ќе се слушне.

Sky Master го доби епитетот за најлускузен транспортер во светот, а граден е на основа од Форд Ф-550.

Дизајнерите можеби пропуштиле некои детали на надворешноста и изгледот, но кога ќе погледнете внатре нема да ви биде проблем да простите.

Транспортерот спаѓа во класата на камперски возила, но неговиот ентериер е поим за луксуз кој до сега не е виден. Во возилото се наоѓаат шест крајно удобни фотелји кои имаат опција за масажа на кој дел сакате од вашето тело. Исто така во возилото има и мини бар опремен со кафемат и фрижидер. 

Точната цена на возилото не е позната, но се претпоставува околу еден милион долари.

Погледнете и уживајте: