Според последните статистики Македонија се најде помеѓу 10-те европски држави со најбавен интернет
Почетна Технологија

Според последните статистики Македонија се најде помеѓу 10-те европски држави со најбавен интернет

Македонија повторно на дното, моментално се наоѓа помеѓу десетте држави во Европа со најслаб интернет. Истражувањето е направено од страна на cable.co.uk  и е направено врз база на околу 163 милиони тестови на брзината на интернетот.

Покрај нашата држава, интернет со сличната брзина а воедно и помала од 10 мегабити во секунда имаат и Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Турција, Белорусија, Грузија, Ерменија, Казахстан и Азербејџан.

Моменталнта брзина во Македонија е оценета дека изнесува околу 9 мбпс за разлика од Црна Гора со 6 мбпс и БиХ со 7 мбпс. На Балканот, на самото дно се наоѓа Албанија со само 5 мбпс што е екстремно слабо. 

Како држава со најдобра интернет брзина е изрбана Словенија и се брои во земјите со брзина на интернет помеѓу 25 и 40 мбпс.

Исто така се направени и тестирања во целиот свет па како држава со најбрз интернет може да се пофали Шведска со 46 мбпс. За жал има и такви кои не достигнаат ни до 1 мбпс, тоа е Јемен каде што брзината изнесува 0.31 мбпс. 

Колку за споредба, ако сурфате на интернет со брзина од 0.31 мбпс како во Јемен, нема да може да гледате видеа и ќе имате потешкотии во гледање на целосни слики.