Страшна приказна за албино децата во Танзанија, ги киднапираат, масакрираат и продаваат на црниот пазар
Почетна Свет Случувања

Страшна приказна за албино децата во Танзанија, ги киднапираат, масакрираат и продаваат на црниот пазар

Пред 19 години во Танзанија се појави “лов” на албино луѓе, во кои најмалку 75 лица беа убиени, но се стравува дека тој број е далеку поголем.

Како што известуваат во РТД кој снимаат токму за овие деца, да се родиш како албино во Танзанија е несреќа.

– Луѓето не брекаа на секаде, не сечеа и убиваа. Дискриминирани сме поради бојата на нашата кожа – додава еден албино жител.

Многу од нападите не се пријавени во полицијата, но и да се пријават тоа не е некоја причина за полицијата да реагира. 

Марија Мазури е вдовица и додава дека нејзиниот сопруг е убиен.

– Тројца мажи упаднаа во нашата мала куќа и го зедоја мојот сопруг. Во еден момент почнаа да го сечат на делови пред мене, тоа беше грозна слика која нема никогаш да ја заборавам – изјави Мазури.

Напаѓачите после убиството и сечењето на албино луѓето, нивните делови ги продаваат на црниот пазар. Како што пренесуваат медиумите,  деловите од телата се продаваат по цена од 2.000 долари за нога или рака, па дури до 75.000 долари за цело тело.

Некои од телата се продаваат директно на врачари, кои им велат дека “ќе ги направат богатите ако им донесат уво или рака од албино човек”.

Албино децата можат безбедно да живеат и учат само во специјални училишта, а нападот врз нив не престанува ниту во 21от век.